ПМФЛ: Златни три бода за Брера во Струга, без победник во Кавадарци!

225

Струга ТЛ – Брера 0:1 и Тиквеш – Арсими 1:1 се исходите од последните два меча од 30.коло во ПМФЛ кои се играа попладнево во Струга и Кавадарци, со што се затвори ова коло.

Така е тоа во фудбалот, кога нема да постигнеш гол од 5-6 шанси, тогаш следува казна, жестока. Така беше денеска во Струга каде Брера успеа да ја победи Струга ТЛ со 0:1 и тоа со голот на Петровиќ во 87.минута. Гол за огромна победа, победа која е златна за струмичани со која се освоени три бода со кои веројатно струмичани ќе го избегнат директното испаѓање.

Интересно, ова е втор пораз и тоа дома за Струга ТЛ од Брера, сезонава, нема победа, и оваа серија трае веќе пет меча.

Треба да се каже дека на почетокот од средбата, главниот судија Ралевски се повреди, па мораше четвртиот судија Качевски да “влезе“ на терен.

Струга ТЛ беше доминанта, иако од 71.минута играше со играч помалку, по исклучувањето на Хамза, имаше барем три – четири големи шанси за гол, но етем не успеа. Затоа на другата страна гостите преку Петровиќ постигнаа гол за победа.

Во Кавадарци домашниот Тиквеш и Арсими одиграа 1:1, и поделија по бод. Интересен меч ако се знае дека уште во 19.минута домашните останаа со играч помалку откако Камара по грубиот старт врз Гафури, доби директен црвен картон.

Во 24.минута Рамадани му донесе водство на Тиквеш за 1:0, но гостите со голот на Гони успеаја да израмнат.

Во продолжение од средбата гледавме израмнет меч, имаа шанси и двете екипи, но немаше гол за победа.

Па така сега Тиквеш е петти со 41 бод, Арсими седми со 39, Брера е осма со 36, а Струга ТЛ се чини ги загуби шансите на крајот да биде втора.

ПретходноАртета: Добро се носиме со огромниот притисок!
СледноПреспа славеше кај Г.Коњари! Домашен фудбалер потешко се повреди и беше пренесен во болница