Јакимовски двоцифрен во многу важната победа на Тренто

56
Фото: Тренто/Фејсбук

Одлична партија на Андреј Јакимовски и гостинска победа за екипата на Тренто во мечот во Удине во рамките на 29. коло во италијанското првенство. Тренто славеше на гостувањето со 69:76, а Јакимовски средбата ја заврши како трет најдобар стрелец во победничкиот состав.

Нашиот млад репрезентативец денеска запиша 12 поени, надополнети со четири скока и една асистенција.

За Тренто ова беше прва радост по серија од три порази, но и победа која им носи се уште реални шанси за плеј-офот во последните три кола.

ПретходноСкромни три поени за Нено во новата победа на Баерн
СледноСинер доминираше во Мадрид и го освои петтиот Мастерс 1000