Необична сцена во Струга: Се повреди судијата Ралевски, па Качевски “влезе“ на негово место!

235

Во моментов се игра мечот од 30.коло во Струга меѓу Струга ТЛ и Брера. Мечот како главен судија го започна Благојче Ралески, но тој уште во првите минути се повреди, по првата интервенција се обиде да го продолжи мечот, но сепак во 8.минута се откажа. Не негово место “влезе“ стружанецот Јован Качевски кој беше четврти судија, како главен судија на местото на Ралевски.

Ова му е првпат на Качевски во кариерата да и суди на Струга ТЛ. Малку необично, но за тоа е виновна е повредата на Ралевски.

ПретходноРК Вардар му го честиташе големиот успех на РК Охрид!(ФОТО)
СледноЛоши вести од Англија: На Фергусон не му беше добро, па мораше итно да го напушти “Олд Трафорд“!(ФОТО)