Се лади шампањското: Вардар веќе следниот викенд може да ја официјализира титулата!

142

По вчерашната победа над Башкими и по ремито на Шкендија во Кратово, сега и дефиитивно е јасно дека Вардар само милиметри го делат од титулата, прва после шест години и 12-та во самостојна Македонија или 13-та вкупно во својата клупска историја.

Имено сега по 30.коло Вардар има 74 бода а Шкендија 68, тоа се +6 бода на три кола до крајот. Што значи дека Вардар веќе следниот викенд може да ја официјализира титулата.

Лидерот игра со Силекс дома а Шкендија со Струга ТЛ дома.

А што треба да се случи за да лидерот ја освои титула веќе следниот викенд?

-Вардар да го победи Силекс а Шкендија да не победи (тогаш ќе биде +9 или +7 на две кола до крајот)

-Вардар да одигра реми со Силекс а Шкендија да загуби од Струга ТЛ (тогаш ќе биде +7 за Вардар)

Ова се комбинациите кои Вардар го носат до титулата на две кола до крајот. Ако ова се оствари тогаш прво Струга ТЛ на свој терен а потоа и Шкендија во Скопје, ќе мора да му честитаат на новиот првак со шампионски шпалир.

Кога сме кај титулите, само да се потсетиме на тоа кој се бил шампион на Македонија од таа 2020 година:

2020-ВАРДАР

2021-ШКЕНДИЈА

2022-ШКУПИ

2023-СТРУГА ТЛ

2024-СТРУГА ТЛ

2025-ШКЕНДИЈА

2026-???

Инаку ова е распоредот на последните три кола на Вардар и Шкендија:

31.КОЛО:ВАРДАР – СИЛЕКС, ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ

32.КОЛО: СТРУГА ТЛ – ВАРДАР, ШКЕНДИЈА – БРЕРА

33.КОЛО:ВАРДАР – ШКЕНДИЈА

ПретходноПоради најавената бура: Поместен е стартот на Ф1 трката во Мајами!
СледноНа прославата на Шалке снема пиво, па дополнително мораше да се носат шест буриња!