Баерн (М) останува неприкосновен лидер во германското првенство и по 32. коло во кое на домашен терен извојува тесна победа над екипата на Вехта со 90:88. Нашиот репрезентативен „плеј“, Ненад Димитријевиќ имаше скромен учинок на мечот од 3 постигнати поени за нешто повеќе од 13 минути кои ги помина на теренот.
Статистички Нено имаше и 3 скока и 5 асистенции.
Ова беше 27-мата победа за Баерн во домашното првенство во кое има само пет порази.










