ФФМ го раскина договорот со Љупчо Трајковски

734
ФОТО:FFM.MK

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја информира јавноста дека е донесена одлука за раскинување на договорот со Љупчо Трајковски, кој во моментот ја извршува функцијата спортски директор на ФК Тиквеш, а воедно беше ангажиран како тренер во Спортската академија на ФФМ за генерација 2011 и асистент на селекторот Горан Станковски во репрезентацијата до 15 години.

ФФМ изразува благодарност до Љупчо Трајковски за неговиот ангажман и придонес во работата со младите фудбалери, посакувајќи му успех во понатамошната кариера.

ПретходноАктуелниот првак на ЕХФ Европскиот Куп, Алкалоид со честитки, посака ГРК Охрид да го освои пехарот(ФОТО)
СледноКими испиша историја, а потоа следуваше фото со Меси!(ФОТО)