Вардар 1961 е пред невозможна мисија. Утре на домашен терен (20:45 часот) го игра реванш мечот против Монпеље во Европската лига. Македонскиот тим на првиот натпревар загуби со 33-23 и токму затоа пласманот на Ф4 е речиси недостижен, но во 60. минути може да се случи се.
На тој натпревар тренерот Иван Чупиќ на располагање ги немаше Хориха и Малус, но сега најави дека ќе се вратат во соствот.
„Првиот меч имавме добри и лоши моменти, прво полувреме беше подисциплирано, баш игравме на резултат, паметно, но второто полувреме го отворија со 5-0, со искуство и играчи како што има Монпеље, можат да чекаат некои грешки. Ама кога играш солиден меч против тим како што е Монпеље значи 15 или сега како нашата 10 гола негатива.
Во нашата сала секогаш е тешко да се игра, тоа го знаат сите противници, мора да се покажеме во подобро светло, да веруваме во сите 60 минути, да пробаме да направиме се во наша можност и да ги надокнадиме тие 10 гола разлика. Може после мечот ќе ме речите дека сум будала што верувам, но ако моите играчи добијат поддршка како што јас добив против Пик Сегед или Фленсбург, се е можно.
Ги замолувам сите што го сакаат Вардар да дојдат во сала, малку порано, од прв момент да веруваме во некое чудо, во нешто што се случува секој ден. Тешко е да се одигра еден совршен меч во една сезона, јас верувам дека тој совршен меч можеме да го одиграме утре. Верувам дека фановите во оваа сала може да не понесе атмосферта“, изјави Иван Чупиќ на денешната прес-конференција.










