Никола Ѓоргиев со Карловарско стана шампион на Чешка!

69

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев и официјално е шампион на Чешка. Вечерва во „мајсторката“ од чешкиот плеј-оф, екипата на Карловарско во чии редови во вториот дел од сезоната настапува нашиот коректор, славеше со максимални 3:0 над екипата на Прага и со тоа дојде до вкупни 3-2 во победи за да го освои шамоионскиот наслов.

Ѓоргиев за неколку дена треба да се врати во Македонија и да им се приклучи на нашите репрезентативци кои веќе утре во Крушево ги започнуваат подготовките за Европската лига, под водство на селекторот Јошко Миленкоски. Ѓоргиев по оваа шампионска сезона ќе има уште поголеми мотиви за настап во националниот тим кој во септември ќе настапи на Европското првенство во Бугарија.

ПретходноСабаленка повика на бојкот на Грен Слем турнирите ако не добијат поголем дел од приходите
СледноДали Емери ќе биде „џокерот“ на Перез?