Вечерва (21 Ч) во Лондон е закажан реванш мечот од првото полуфинале во Лигата на шампионите.„Емирати“ ќе биде местото на одлучувачкиот судир меѓу Арсенал и Атлетико Мадрид. Ова е реванш од полуфиналето, а влогот не можеше да биде поголем – место во големото финале на најпрестижниот клупски турнир. Првиот натпревар во Мадрид заврши 1-1, а двата гола беа постигнати од пенали. Виктор Ѓокереш ги доведе „топџиите“ во водство кон крајот на првото полувреме, но Хулијан Алварез ја врати рамнотежата во 56-тата минута.
Со оглед на тоа што правилото за гол на гости повеќе не важи, ова е старт од нула, со можни продолженија и изведување на пенали. Во Арсенал под знак прашалник поради повредите се Едегард (колено) и Хаверц (мускул), додека Тимбер дефинитивно е надвор од составот. Атлетико има двајца под знак прашалник, Бариос и Хименез (двајцата со мускулни проблеми), но Алварез и Серлот би требало да бидат достапни.
Секако дека ќе има и тактичко надмудрување меѓу двата тренери Микел Артета и Диего Симеоне. Можеби домашните се фаворити зошто играат дома, пред својата публика која сега по тие +5 во однос на Сити во финишот во ПЛ во битката за титулата и тоа како верува дека е можно да се дојде и до финале, до пехари и во двете натпреварувања.
Ако победи Арсенал на 30 мај на стадионот „Пушкаш“ ќе го игра своето второ финале во историјата. Од друга страна тоа за Атлетико Мадри би било четврто финале. И двата тима досега го немаат освоено „Ушлето“.
Време е за спектакл.










