Барселона планира да продаде дел од играчите за да инкасира 100 милиони евра

114
фото: FC Barcelona (X)

Барселона планира да продаде играчи во вкупна вредност од 100 милиони евра, објави ЕСПН .

За да го засилат својот состав, Каталонците ќе мора да се разделат со неколку играчи. Приходите ќе бидат искористени за купување централен дефанзивец и напаѓач, но можно е да се доведе уште еден крилен играч.

Се очекува Марк Касадо и Ансу Фати (моментално на позајмица во Монако) да бидат продадени комплетно, но ќе бидат потребни и други продажби. Барселона е отворена за понуди за Феран Торес и Жил Кунде. Како последно средство, Рафиња би можел да биде продаден за да се дојде до посакуваната сума.

ПретходноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Дембеле му даде дополнителна предност на ПСЖ (ВИДЕО)
СледноДончиќ: Лекарите рекоа 8 недели, јас сум се подобро