Вардар е шампион на Македонија во кадетска конкуренција

83

На три кола пред крајот на шампионатот, тимот на Вардар и официјално е шампион на Македонија во кадетска конкуренција.

Денеска, „црвено – црните“ на теренот во Аеродром, успеаа во заостанатиот натпревар да ја совладаат штипска Брегалница со убедливи 7:0, и на тој начин иако имаат уште три натпревари за играње уште сега да го подигнат пехарот што се вели.

Оваа генерација што е уште поважно е финалист во Купот на Македонија и ќе има можност да ја освои и Двојната круна.

ПретходноХерера: Титулите со Борац многу ми значат, одиме пак да направиме „бум“ во Европа
СледноПосета на Амбасадорот на Босна и Херцеговина на ФФМ