Моментот кога Митровиќ го „раскрвари“ Порт (ВИДЕО)

130

Вардар 1961 многу рано во мечот против Монпеље остана без српскиот интернационалец Митровиќ, кој поцрвене, откако грубо стартуваше врз противничкиот играч, Валентин Порт.

Ракометарот на францускиот тим се струполи на подот, а веднаш истрчаа лекарите. Тој доби силен удар во носот, „раскрварен“ го напушти теренот. Порт до крајот на натпреварот не се врати на теренот, додека Митровиќ по завршување на истиот се расплака бидејќи не можеше да му помогне на својот тим на најважниот дуел сезонава.

Вардар заврши со настапите во Европската лига, веќе утре на домашен терен го пречекува Пелистер. Со бод на оваа пресметка ќе ги симне битолчани од тронот и повторно ќе се врати на врвот.

ПретходноАртета: Им се извинив на моите играчи!
СледноСимеоне: Немам сила да продолжам