На три кола пред крајот на шампионатот, тимот на Вардар и официјално е шампион на Македонија во кадетска конкуренција.
Денеска, „црвено – црните“ на теренот во Аеродром, успеаа во заостанатиот натпревар да ја совладаат штипска Брегалница со убедливи 7:0, и на тој начин иако имаат уште три натпревари за играње уште сега да го подигнат пехарот што се вели.
Оваа генерација што е уште поважно е финалист во Купот на Македонија и ќе има можност да ја освои и Двојната круна.















