ИН МЕМОРИАМ: Почина Сами Адеми доајен на спортското новинарство

118

На 61-годишна возраст, по долго боледување, почина Сами Адеми, еден од доајените на спортското новинарство во Македонија и долгогодишен коментатор во Македонската радио-телевизија.

Адеми беше синоним за спортската редакција на втората програма на МТВ. Неговиот глас со децении ги пренесуваше најважните моменти на македонската репрезентација, будејќи емоции кај гледачите и во моментите на големи победи и во деновите на тешки порази.

Тој не беше само хроничар на спортските настани, туку човек кој со неверојатна страст ја живееше секоја секунда од играта, станувајќи составен дел од историјата на нашиот фудбал и спорт воопшто.

Со неговото заминување, македонското новинарство губи професионалец со етика, врвен коментатор и пријател на сите спортисти.

ПретходноШок за ФИФА: Без ТВ преноси од Мундијалот за Кина и Индија?!
СледноМЗТ му се реваншира на Пелистер за победа до финале! (ФОТО)