МЗТ му се реваншира на Пелистер за победа до финале! (ФОТО)

38

Првата полуфинална пресметка меѓу МЗТ Скопје и Пелистер понуди неизвесна битка, победа му припадна на актуелниот првак кој славеше со 80-75 и се најде на триумф до финале.

Првата четвртина мина во знакот на домашниот тим, кој во 7 минута водеше со двоцифрени 23-12. Во овој период МЗТ Скопје постигна пет тројки. Но, битолчани не дозволија ова прво полуфинале да биде брзо да биде решено. Со многу поцврста одбрана и поефикасен напад успеаја да израмнат на 35-35, со поените на Митревски. До овој момент МЗТ Скопје постигна само 8 поени.

На одморот резултатот беше 39-35. Пелистер во третиот период отвори со 13-4 и во 24 поведе со 43-50. Лидер во таборот на битолчани беше Малешевиќ. Серија на промашување на гостите, МЗТ Скопје кој беше крајно неефикасен во нападот, ги искористи да го врати водството на 57-55, резултат после 30 минути игра.

Актуелниот првак продолжи во исто темпо, со серија од 9-1 во 32 минута дојде до двоцифрена позитива од 66-56. На 6 минути до крајот, МЗТ остана без капитенот Дамјан, кој заработи 5 лична грешка. Крајот го одбележаа технички грешки, Пелистер успеа само да намали на 69-64, но не и целосно да се закани. МЗТ успеа да сочува водство, доволно за победа. МЗТ му се реваншира на Пелистер за победа до финале!

Маслинко со 15 поени беше најефикасен кај домашните, додека кај Пелистер Брејси-Дејвис заврши со 23 поени.

Вториот полуфинален натпревар се игра во Битола.

ПретходноИН МЕМОРИАМ: Почина Сами Адеми доајен на спортското новинарство
СледноИако уште ништо не освоил: Арсенал си закажа шампионска парада на 31 мај!