Одреден терминот за одигрување на финалето во Купот на Македонија во женска конкуренција

60

Комитетот за итност на ФФМ донесе одлука, финалето на Купот на Македонија во женска конкуренција да се одигра на 14 мај на стадионот на Македонија ЃП со почеток во 15 часот.

Во решавачкиот натпревар за трофејот во ова натпреварување ќе се сретнат ЖФК Тиверија Брера и ЖФК Каменица Саса.

Согласно пропозициите за финалето на Купот во женска конкуренција оваа година ќе одигра со примена на ВАР технологијата.

За фудбалерките на Тиверија Брера ова е второ последователно финале откако минатата година беа совладани од Љуботен. Претходно струмичанки беа финалистки во три едно по друго сезони и тоа во периодот од 2017 до 2019 година. Во 2018-тата Тиверија Брера беше победник откако славеше во дуелот против Драгон.

Каменица Саса има можност да ја збогати колекцијата на трофеи во Купот на Македонија откако во 2022 триумфираше со 4:0 во мечот со Ас Јунајтед.

Каменица Саса беше финалист во 2023 и 2024 година, а тогаш беа поразени во соочувањата со Љуботен.

Претходно„АДАСТРА“ МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Финалниот турнир во М14 лигата-жени ќе го организира ЖКК „МВП Скопје“
СледноКуп на Македонија: Второлигашите елиминирани, Шкендија и Силекс си закажаа финале! (ВИДЕО)