Куп на Македонија – полувреме: Додев од пенал за водство на Силекс, без голови во Куманово!

126
фото: ФК Силекс (FB)

Завршија првите полувремиња од реванш полуфиналните средби во Купот на Македонија. Во Кратово домашниот Силекс има водство од 1:0 со голот од пенал на Додев во 34.минута. Да кажеме дека Силекс во 23.минута имаше уште еден пенал, но тогаш гостинскиот голман Серафимов го одбрани ударот на Алиќ.

Кратовци имаа неколку шанси за поубедливо водство, беа далеку подобри, но на пауза се замина со тие 1:0 или вкупно 2:1, ако се смета резултатот и од првиот меч.

Во Куманово каде играат двете Шкендии, нема голови. Се игра борбено, второлигашот од Арачиново засега му пркоси на големиот фаворит, но сепак и со овие 0:0, тетовска Шкендија има севкупно водство од 2:3 сметајќи го резултатот и од првиот меч во Тетово.

ПретходноЗа титулата во М20 лигата ќе се борат Кожув, Вардар, Водно Санс и Феникс 2010
Следно„АДАСТРА“ МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Финалниот турнир во М14 лигата-жени ќе го организира ЖКК „МВП Скопје“