Во вториот настап на УЕФА развојниот турнир за фудбалерки до 16 години, репрезентацијата на Македонија загуби од Андора и тоа по подобро изведување на удари од белата точка.
По 90 минути натпреварот заврши нерешено 2:2 и според правилата победникот се решаваше не пенали.
Гостинките поведоа во 14. минута со погодокот на Бос, а во 79-тата Андора дојде до предност од 2:0.
Во завршните десет минути избраничките на селекторката Катерина Милеска успеаа да постигнат два погодоци и да се изборат за изведување на удари од 11 метри.
Во 82 минута, Елена Наумоска намали на 2:1, а пет минути подоцна го постигна израмнувачкиот гол.
Во пенал серијата репрезентативките на Андора беа поуспешни откако обидот на Марија Велиновска со обрани противничката голманка.
Во вториот натпревар Косово го совлада Сан Марино со 2:0.
Токму селекцијата на Косово е нашиот следен противник, а мечот од последното коло е на програмата в понеделник и ќе се игра на стадионот во Турново со почеток од 13 часот.










