Шампионот во женска конкуренција ќе го добиеме со “мајсторка” откако во четвртиот натпревар од финалето на плејофот Работнички Скопје со 3:0 (25:15, 27:25, 27:25) го совлада Наковски Волеј пред својата публика во СЦ “Борис Трајковски” и изедначи на 2-2 во победи.
Конкурентите за титулата како и на претходните натпревари така и денеска понудија одличен натпревар, кој беше неизвесен особено во вториот и третиот сет.
До прва максимална победа над Наковски Волеј сезонава Работнички Скопје го предводеа Тамара Стојанова и Антонија Баталаковска со по 12 поени како и Андротеа Милевска со 11 поени.
Кај Наковски Волеј, Сара Марковиќ запиша девет поени, Ивана Милева имаше осум, додека Мила Долдурова и Ива Стојковска имаа по шест.
“Мајсторката” се игра в понеделник, во 18 часот, во Струмица










