Спектакл во Скопје: Плазма Спортиските Игри и официјално се отворени (ФОТО)

50

Првите „Плазма“ Спортски игри за млади во Македонија и официјално се отворени. На Плоштадот Македонија се одржа свечената церемонија на која присуствуваа голем број дечиња.

Македонија е петтата земја која стана дел од најголемите аматерски движења за деца од Европа. Оваа година учество ќе земат 27.000 деца, преку овој настан се обезбедува бесплатен спорт за секое дете.

На настанот беше пристутен Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, претседателката на Федерацијата на училишен спорт, Елена Мицковска, претседателот на Плазма Спортски игри за млади, како и Министерот за Спорт Борко Ристовски.

„Навистина прекрасна глетка, ова да се види денеска на плоштадот во Скопје, претставува нешто божествено. Мене ми е чест што сум на првата сезона од „Плазма“ спортските игри за млади, убеден сум дека овие денови, овие недели, овие месеци од вашите животи ќе ги паметите цел живот.

Спортувајте, другарувајте, учете затоа што спортот е иднината на нашата татковина Македонија.

Ви благодарам и на вас наставниците, професорите што сте тука, а ние како Влада ќе продолжиме да го подржуваме спортот и да стоиме позади младите. Нека е со среќа и нека е со успех и нека победи подобриот“, рече Мицкоски. 

Плазма Спортиските Игри се одржуваат 30 години, а промотори на истите се бројни спортски легенди. Во Скопје дојдоа Немања Видиќ, Предраг Даниловиќ, Емир Спахиќ и други познати имиња. Од македонски легенди беа Индира Кастратовиќ, Гордана Нацева, Гоце Седлоски, Горан Кузманоски, Филип Миркуловски, Бобан Николов, Игор Стефановски Иџе, Дарио Ивановски…

Иџе и Дарио го запалија пламенот и официјално го означија стартот на Плазма Спортските Игри во Македонија.

Во рамки на Игрите ќе бидат опфатени десет спортски дисциплини (атлетика, народна, 3Х3, одбојка, одбојка на песок, ракомет, пинг-понг, тенис, шах, мал фудбал), давајќи им можност на младите да го пронајдат својот пат и да напредуваат. Најдобрите учесници ќе обезбедат пласман на големото меѓународно финале во Сплит, каде ќе се натпреваруваат со врсници од регионот.

„Денес е ден кој има посебно значење за сите нас. Денес започнуваме едно ново поглавје за училишниот спорт во нашата држава. Како Федерација на училишен спорт, нашата мисија отсекогаш била јасна,  да создадеме систем во кој секое дете ќе има можност да се натпреварува, да напредува и да се развива преку спортот.

Оваа година, преку Плазма Спортските игри за млади, тој систем го подигнуваме на едно повисоко ниво. Натпреварите нема да се одржуваат само на едно место. Тие ќе се одвиваат низ целата држава,  во Скопје, Охрид, Битола, Прилеп, Кичево, Кавадарци, Штип, Кочани, Тетово, Куманово, Велес, Струмица и Дебар.

Тоа значи дека илјадници и илјадници деца ќе имаат можност да бидат дел од оваа приказна, да застанат на терен, да почувствуваат што значи тимска игра, и да создадат спомени кои ќе ги паметат цел живот.Нашиот пристап е системски и организиран. Секој натпревар е дел од поширока структура, од локално ниво, преку квалификации, до финални настани, и се до големото финале во Сплит.

Тоа не е само организација на игри, тоа е градење на платформа која ќе трае, ќе се развива и ќе носи резултати и во иднина. Дозволете ми да изразам искрена благодарност: До Владата на Република Северна Македонија и до Министерството за спорт – за поддршката, довербата и визијата.

До Град Скопје – за поддршката на овој голем настан и отворањето на вратите на главниот град за младите. До Плазма Спортските игри за млади – за партнерството и можноста Македонија да стане дел од едно големо европско спортско семејство.

До сите наши спонзори и партнери – без кои оваа приказна не би била возможна. И најважно, до децата. Затоа што ова е ваша сцена. Ова е ваш момент.

Драги деца, играјте со срце, натпреварувајте се со почит и уживајте во секој момент. Ова не се само натпревари. Ова е почеток на една нова генерација – генерација која ќе расте со спортот, со вредностите и со вистинскиот дух на заедништво. Игрите се закон“, рече претседателката на Федерацијата на училишен спорт, Елена Мицковска.

ПретходноЃ. С. ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.693.307 ДЕНАРИ
СледноНајдоски и Панчев се простија од некогашниот функционер на Црвена Звезда: Цветковиќ заслужи да му се оддаде почит