Работнички го победи Наковски Волеј, ќе има “мајсторка“ за титулата!

36
ФОТО:facebook.com/volleyballmkd

Шампионот во женска конкуренција ќе го добиеме со “мајсторка” откако во четвртиот натпревар од финалето на плејофот Работнички Скопје со 3:0 (25:15, 27:25, 27:25) го совлада Наковски Волеј пред својата публика во СЦ “Борис Трајковски” и изедначи на 2-2 во победи.

Конкурентите за титулата како и на претходните натпревари така и денеска понудија одличен натпревар, кој беше неизвесен особено во вториот и третиот сет.

До прва максимална победа над Наковски Волеј сезонава Работнички Скопје го предводеа Тамара Стојанова и Антонија Баталаковска со по 12 поени како и Андротеа Милевска со 11 поени.

Кај Наковски Волеј, Сара Марковиќ запиша девет поени, Ивана Милева имаше осум, додека Мила Долдурова и Ива Стојковска имаа по шест.

“Мајсторката” се игра в понеделник, во 18 часот, во Струмица

ПретходноСе огласи и Чуамени: Еве што им порача на фановите на Реал!
СледноСензација: Новак елиминиран во 2.коло на Мастерсот во Рим!