Јетон Беќири имал „блиска средба“ со докторот на Шкендија, за малку избегнат инцидент

352
ФОТО: KF Shkëndija/FB

Предмалку во јавноста е лиферувана уште една информација околу Куп полуфиналниот дуел помеѓу екипите на Шкендија Арачиново и Шкендија Тетово.

Сеуште актуелниот шампион на Македонија е финалист во ова натпреварување откако во Куманово, го победи истоимениот противник со 0:2.

Сепак, како што пренесува порталот „Инфоспорт“ по завршувањето на мечот, стратегот на Шкендија, Јетон Беќири имал директен вербален дуел, најпрво со главниот судија Стојанов, каде што веднаш се увидела нервозата кај искусниот стратег.

За да моменти подоцна, Беќири според „Инфоспорт“ гневот го префрли кон еден од членовите на стручниот штаб на Шкендија поточно докторот Дритан Беџети.

Интерните информации на порталот велат дека ситуацијата за малку не ескалирала во поголем инцидент и само присебноста на останатите присутни спречила поголем инцидент.

 

ПретходноЦентарот за Едукација на тренери ja комплетираше обуката и полагањето на 11. генерација тренери носители на УЕФА Ц лиценца
СледноНема прошка за „тепачите“: Реал ги казни Валверде и Чуамени со по 500.000 евра