Во пресрет на „Ел Класико“ еве кои играчи се најплатени во Барса и Реал!

101
ФОТО: La Liga/FB

Утре нè очекува најголемото дерби на шпанскиот фудбал, дуелот меѓу Барселона и Реал Мадрид на “Камп Ноу“, кој со децении ги собира најголемите ѕвезди на светскиот фудбал и го привлекува вниманието на милиони фанови ширум светот.

Ел Класико“, сепак, не е само судир на големи ривали на теренот, туку и споредба за огромни договори и милионски плати. Реал Мадрид и Барселона денес имаат едни од најскапите играчи во своите редови, а податоците што ги обезбеди шпанскиот весник АС откриваат кој всушност заработува најмногу.
На самиот врв е Килијан Мбапе, кој е убедливо најплатениот играч од двата клуба. Француската ѕвезда во Реал заработува дури 31,25 милиони евра бруто годишно, односно повеќе од 600.000 евра неделно. Податоците покажуваат дека Реал Мадрид во моментов има најмоќна финансиски соблекувална во Шпанија, бидејќи шест играчи од кралскиот клуб се меѓу 10-те најплатени играчи во Ел Класико.
Веднаш зад Мбапе е Винисиус Жуниор со годишна плата од 25 милиони евра, додека Давид Алаба заработува 22,5 милиони. Кај Барселона, Роберт Левандовски е на врвот на листата со приход од 20,83 милиони евра, исто како и Џуд Белингам од другата страна. Младиот талент на Барса, Ламин Јамал, веќе е во Топ 10 со 16,67 милиони евра годишно, нешто помалку од Френки Де Јонг кој заработува 19 милиони. На исто ниво се Федерико Валверде, Рафиња и Трент Александар-Арнолд.

Претходно“Комити“ со транспарент побараа: Јужна трибина – Васил Рингов!
СледноВардар го победи Силекс и се доближи уште повеќе до шампионската титула