Вардар го победи Силекс и се доближи уште повеќе до шампионската титула

135

Лидерот на прволигашката конкуренција, тимот на Вардар во рамките од 31. Коло од ПМФЛ шампионатот на Арената Тодор Проески попладнево го совлада тимот на Силекс со 2:1.

И покрај најавите дека беше можно освојување на титулата сезонава, сепак, ова коло за Вардар до крај нештата не се поклопија. Второпласираната Шкендија обезбеди три бода во дербито со Струга ТЛ, и на тој начин го одложи славјето во таборот на „црвено – црните“.

Сепак, Вардар денеска не се грижеше премногу за она што се случува во Тетово, туку си ја заврши својата задача. Со два брзи гола во првото полувреме се здоби со предност која што Силекс сепак, немаше сили да ја анулира.

„Блиц“ водство на самиот старт

По само три минути игра Вардар веќе дојде до предност со голот на Цветковиќ. Акцијата од десно, ја донесе топката на петерецот, а и покрај фактот што целата одбрасна на Силекс беше многу блиску донеа сепак, напаѓачот на Вардар беше тој што реагираше најдобро и погоди за 1:0.

Иницијативата на домаќинот вроди со двојно водство, откако во 17. Минута Бутуровиќ стартуваше над Азер Омерагиќ лошо и непромислено во дуел и обид да дојде до топката во воздух. Наместо тоа со лакт го удри капитенот на Вардар и тоа беше најстрога казна за домаќинот.

Сигурен релизатор на истата Горан Закариќ кој што донесе 2:0 и мирна ситуација за „црвено – црните“.

Потоа следуваше ситуација во која  Мишов имаше моѓност да намали на 2:1, но Талески одбрани во сивок стил.

На стартот на вториот дел, Силекс неочекувано дојде до ситуњација за намалување на домашното водство и успеа во тоа. Бутуровиќ кој што го направи пеналот врз Омерагиќ во првиот дел, овојпат одлично реагираше во противничкиот шеснаесетник и со одмерен удар реализираше.

Во 60. Минута Силекс направи тројна измена во која влегоа во суштина стартерите сезонава Пиреш, Ангелески и Донов, но сепак, Вардар беше тој кој што имаше ситуации за гол.

Закариќ во 73 минута ја погоди гредата, но од офајд ситуација. Босанчиќ од работ на шеснаесетникот во 80. Минута, шутираше директно во Џеков, кој немаше проблеми во оваа ситуација.

Во 85. Минута катастрофалната грешка на Џеков не ја искористи Бобан Николов, кој што имаше празен гол пред себе но од свртување лошо шутираше покрај гол.

Со оваа победа Вардар на две кола до крајот има 77 бодови, пред второпласираната Шкендија која што сега има 71.

 

ПретходноВо пресрет на „Ел Класико“ еве кои играчи се најплатени во Барса и Реал!
СледноПМФЛ: Шкендија ја победи Струга ТЛ и ја одложи шампионската прослава на Вардар, Пелистер броеше до седум!(ВИДЕО)