ПМФЛ: Шкендија ја победи Струга ТЛ и ја одложи шампионската прослава на Вардар, Пелистер броеше до седум!(ВИДЕО)

170
ФОТО:facebook.com/fcshkendija

Шкендија – Струга ТЛ 3:1 е исходот од попладневниот меч од 31.коло под Шара. Со оваа победа тетовци ја одложија шампионската прослава на Вардар, и натаму имаат -6 бода на две кола до крајот. Се надеваат дека токму Струга ТЛ во следното коло ќе го победи Вардар за да во последното 33.коло на гости кај лидерот решаваат за титулата.

Добар меч, добра Шкендија иако беше ослабена со неиграњето на неколку клучни играчи.

Инаку се почна со ударот на Спахиу во 5.минута кога ја затресе стативата на гостите. Врати Струга ТЛ со заканата на Илиевски, но и натаму резултатот беше 0:0. Во 15.минута поради повреда Воша мораше да го напушти теренот а место него во тимот на Струга ТЛ влезе Алији.

Се играше 23.минута кога Илиевски стартуваше врз Красничи и тоа за судијата Доне Ристовски беше пенал, одлуката ја потврди и ВАР собата. Токму Красниќи го изведе пеналот и донесе водство на Шкендија од 1:0.

Стружани не се предаваа, ја играа својата игра и во 32.минута од непосредна близина Јевтоски убаво се снајде и го совлада Гаје за 1:1. Сепак домашните на пауза заминаа со водство откако Ислами со прекрасен шут го совлада Ангелети.

Во второто полувреме гостите тотално се отворија, Тоа го искористи Шкендија која во 54.минута постигна уште еден гол преку Ндзенгуе, но поради офсајд истиот беше поништен. Зенделовски во 57.минута можеше да израмни, а неколку минути подоцна Спахиу опасно се закани за 3:1, но ништо од тоа.

Сепак имаше Шкендија 3:1 во 69.минута со голот на Мазари, откако претходно Крстевски шутираше а Ангелети ја одби таа топка.

Во 82.минута младиот офанзивец на гостите, Рочи за малку не го совлада Гаје, откако испрати убав шут кон голот на Гаје.

Во Битола очекувано Пелистер со убедливи 7:0 славеше против Шкупи и тоа со хет-трикот на Филип Петровиќ, потоа двата на Петковски, како и на Мрмачоски и Михајло Петровиќ.

Со овие три бода битолчани сега имаат 36 бода и се многу блиски да го избегнат директното испаѓање.

ПретходноВардар го победи Силекс и се доближи уште повеќе до шампионската титула
СледноЛајпциг и официјално во ЛШ!