Утре од 21 часот се игра веројатно најголемото клупско дерби во светот на фудбалот, меѓу Барселона и Реал Мадрид. Не е тајна дека односите меѓу двата клуба се затегнати. Уште еден доказ за тоа е откажувањето на заедничкиот ручек на претставниците на Барса и Реал, поточно на претседателите Хоан Лапорта и Флорентино Перез, во пресрет на „Ел Класико“. Истиот нема да се одржи, така пренесуваат медиумите во Шпанија и тоа на барање на двајцата.
Ова не е нешто ново, имено од 2023 година овие откажувања на заедничките ручеци или вечери речиси постојано се откажуваат. Јасно е дека сакале нејќеле, Лапорта и Дон Флорентино ќе седат еден до друг во ложата утре на “Камп Ноу“, веројатно ќе си кажат некој збор или ќе одржат некоја куса средба, но дружење и дефинитивно нема да има.










