Полувреме: Вардар убедлив, ама води и Шкендија, Пелистер го “полни“ Шкупи!

314

Завршија првите полувремиња од трите попладневни мечеви од 31.коло во ПМФЛ. Вардар на Арената во Скопје има водство од 2:0 против Силекс и тоа со головите на Цветковиќ во 3. и Закариќ од пенал во 17.минута. Познато е дека Вардар чека кикс на Шкендија во Тетово за да попладнево и официјално стане шампион.

Сепак во Тетово домашните водат по првото полувреме против Струга ТЛ со 2:1. Красничи од пенал донесе водство за Шкендија во 25.минута. Јевтоски израмни на 1:1 во 32.минута а Ислами во 40.минута со убав гол повторно ја доведе Шкендија во водство.

Во Битола според планот. Пелистер има водство од 4:0 против Шкупи и тоа со головите на Петровиќ два и Петковски два.

ПретходноВо Куманово успешно реализирани третите мини олимписки игри
Следно“Комити“ со транспарент побараа: Јужна трибина – Васил Рингов!