Вардар и “Комити“ се спремаат за шампионска прослава!

125

Денеска од 16 часот на програмата се три средби од 31.коло во ПМФЛ. И повеќе од јасно е дека сите погледи ќе бидат свртени кон Арената во Скопје и стадионот во Тетово. Имено можно е денеска околу 18 часот Вардар и официјално да стане шампион на Македонија за сезоната 2025/26. Познато е дека до крајот има уште три кола, а Вардар има 74 бода или +6 пред втората Шкендија. За да денеска нашиот најтрофен клуб се закити со 12-тата шампионска ѕвездичка потребно е Вардар да го победи Силекс а Шкендија да не победи со Струга ТЛ, или пак Вардар да одигра нерешено а тетовци да бидат поразени од стружани. Само така Вардар на две кола до крајот ќе ја официјализира својата 12-та титула во самостојна Македонија или вкупно 13-та во својата историја, тука ја сметаме и она од екс – СФРЈ во сезоната 1986/87.

Јасно е дека Вардар и “Комити“ се спремаат за шампионска прослава, сепак треба и да се одигра добро против квалитетниот состав на Силекс, предводен од стратегот Александар Васоски кој е последниот тренер кој му ја донел титулата на Вардар и тоа во таа сезона 2019/2020.

Колку за потсетување. Од тогаш па до сега шампиони на Македонија беа Шкендија двапати, Струга ТЛ двапати и еднаш Шкупи.

Покрај овие два меча, денеска од 16 часот се игра и средбата Пелистер – Шкупи.

ПретходноВембањама со рекордна партија ги предводеше Спарс до водство против Минесота (ВИДЕО)
СледноМеси: Сакам да победувам во сè, на моите деца не им попуштам во видео игри!