Доби суспензија поради инцидент во Валенсија, а сега моли да му простат

10
Фото: dimitris giannakopoulos instagram

Панатинаикос пропушти две победи на гости против Валенсија, загуби двапати на ОАКА Арената и сега мора да се подготви за решавачкиот натпревар во Валенсија, против одличен тим предводен од клупата Педро Мартинез.

Во овие два натпревари, Панатинаикос немаше помош од сопственикот на клубот Димитрис Јанакопулос, кој, поради суспензијата заработена по вториот натпревар не можеше да присуствува на натпреварите во Атина, но му останува уште еден натпревар суспензија и таа казна ќе истече после пресметката во Валенсија.

Но, Јанакопулос сега се надева дека Валенсија и Евролигата би можеле да му простат дел од тие „гревови“, па јавно ги повика да му ја намалат суспензијата и да му дозволат да присуствува на петтиот натпревар, кој ќе биде одлучувачки за Ф4 на Евролигата.

„Се надевам дека Валенсија ќе поднесе барање за да можам да го гледам петтиот натпревар, кој ќе го одреди четвртиот тим што ќе се квалификува за Фајнал Фор во Атина.

Се надевам дека администрацијата на Евролигата ќе го прифати ова. Сигурен сум дека сите вклучени во кошарката едногласно ќе се согласат“, напиша Јанакопулос на Инстаграм.

ПретходноШабани: Ќе биде вистинско дерби во Тетово, верувам во успех