Охриѓани прво го пречекаа Вардар со шпалир – па го победија за историја!

161

Дербито помеѓу ГРК Охрид и Вардар 1961 заврши во корист на домашниот тим, кој славеше со 26-24 и воедно испиша историја, бидејќи за првпат слави против вардарци. Ова беше натпревар од осмото коло во плеј-офот.

Пилиповиќ имаше 11 одбрани, Јасухира и Иванковиќ постигнаа по 6 погодоци, на другата страна Да Силва имаше пет гола.

Во првото полувреме дуелот беше поделен, на стартот водеше охридскиот тим, а потоа темпото го наметна своето темпо, па ја имаше минималната позитива (12-14).

На стартот на второто полувреме Вардар поведе со 12-16. Во 35-та минута гостите останаа со играч помалку на теренот, охриѓани се вратија целосно. Направија серија од 8-1 за 20-17 во 41-та минута. Девет минути подоцна Вардар дојде на 23-22. Во последните десет минути почнаа да расте тензијата на теренот, незадоволство имаше на двете страни. Долго време на семафорот стоеја 25-23, Анастасовски го прекина овој молк, но охриѓани беа на плус два, позитива која се покажа како доволна за победа.

Со овие бодови ГРК Охрид останува втор на табелата пред Пелистер.

Во плеј-ут лигата, вториот тим на Пелистер славеше против Куманово со 27-25.

ПретходноАлкалоид според планот – со цел плен од Кавадарци
СледноИнтер со шампионска лекција за Лацио