Победа и „празна мрежа“: Столе ја чува Валенсија во Ла Лига

441
фото: Valencia CF (X)

Валенсија на Столе Димитриевски направи уште еден голем чекор кон обезбедувањето опстанок во Ла Лига, откако попладнево на гостувањето кај Атлетик во Билбао, славеше со 1:0. Димитриевски кој е прв голман на Валенсија, успеа и денеска да ја зачува својата мрежа празна и да му помогне на својот тим да направи голем исчекор кон обезбедувањето место во елитата и следната сезона.

Со ова победа Валенсија на три кола до крајот има пет бода предност пред најдобриот тим од „црвената зона“. Тоа значи дека со добар резултат на следниот меч дома против Рајо Ваљекано, „лилјаците“ ќе го потврдат опстанокот.

Димитриевски и денеска беше одличен. Спречи најмалку еден гол за домашните, а имаше 4 успешни интервенции.

ПретходноРеми на Арсими и Башкими
СледноЈакимоски со две тројки за многу важна победа на Тренто