Младинците на РК Мулти Есенс се новите (стари) шампиони на Македонија во оваа возрасна категорија. Во рамките на 6. коло од плејофот, екипата на Мулти Есенс го победи Бутел Скопје (31:27) и ја осигура титулата.
Најдобар стрелец во составот на новиот шампион беше Дарјан Ѓоќески со седум гола, а Марин Крстевски постигна шест гола.
Мулти Есенс трета година по ред е младински шампион на Македонија.










