Џенкинс му обезбеди „мајсторка“ на Пелистер во пресметката со шампионот

99

Искусниот Американец Бранден Џенкинс го предводеше Пелистер до победа во вториот полуфинален натпревар од домашниот кошаркарски плеј-оф против шампионот МЗТ Скопје. Битолчани во своја сала славеа со 81:76 и се изборија за „мајсторка“ која ќе се игра на теренот на шампионот.

Неверојатниот Џенкинс денешниот дуел го заврши со дури 31 постигнат поен, на кој придодаде и два скока и две асистенции. Во стил го следеа уште двајца Американци вос оставот на „зелено-белите“, Брејси-Дејвис со 15 и Вилсон кој застана на 12 поени.

Танасковиќ беше најрасположен кај МЗТ Скопје со 22 поени.

ПретходноФудбалерите и медицинскиот тим на Тиквеш притрчаа во прва помош на настрадани во сообраќајна несреќа (ФОТО)
СледноЛуд пресврт на Рома: Губеа до 94. минута, па потоа погодија двапати за победа (ВИДЕО)