Со четири гола, Тиквеш ја испрати Македонија ЃП во понизог ранг

132

Конечните 1:4 на дуелот помеѓу Македонија ЃП и Тиквеш денеска одигран во Ѓорче Петров во рамките од 31. коло од ПМФЛ шампионатот значат само едно. Дека некогашниот државен шампион и освојувач на Купот, тимот на Македонија ЃП и официјално следната сезона ќе игра во второлигашката конкуренција.
Немаше спас за „Лавовите“ денеска кои што губеа уште на полувреме со 0:2, за да по половина час вече имаат и три гола негатива.

Окере и Сила погодија во првиот дел и уште тогаш се виде на каде одат нештата на овој дуел.

Следуваше и трет гол во домашната мрежа, па и четврти во 81. минута, а стрелци беа повторно Сила односно Лусиано. Домаќинот само го оконча својот прволигашки статус сезонава со почесен гол во 85. минута од мечот.

Со ова и дефинитивно се става точка на прволигашкиот статус на еден од најтрофејните македонски клубови, кој што повторно своето „место под сонцето“ ќе мора да го бара преку ВФМЛ конкуренцијата.

 

 

ПретходноСо ремито против Брера, Работнички за прв пат испадна од ПМФЛ
СледноВМФЛ: Брегалница дојде до златен бод на дербито со Шкендија (А)!