ВМФЛ: Брегалница дојде до златен бод на дербито со Шкендија (А)!

526
ФОТО:.facebook.com/fkbregalnicaofficial

Попладнево во Штип, пред околу 5.000 публика на Градскиот стадион под Исарот, во дербито на 28.коло во ВМФЛ, Брегалница и Шкендија (А) одиграа 1:1. Бод со кој штипските “сини“ и натаму се во пол позиција за директен пласман во елитата. Имено сега имаат заедно со Скопје по 65 бода на две кола до крајот, но Брегалница има подобар меѓусебен скор и затоа е во предност. Се разбира дека треба да победи во последните две кола.

Затоа велиме дека Брегалница дојде до златен бод, ако се знае дека гостите со голот на Шаркоски водеа од 16.минута, но Брегалница со голот на Капсаров од пенал дојдоа до 1:1 во таа 67.минута. По тој гол следуваше хаос, мечот беше во прекин, имаше од се по малку по реакцијата на гостите, но сепак истиот продолжи и крајниот резултат беше 1:1. По што следваше голема радост на домашните. Инаку и по мечот имаше мешаници на патот кон соблекувалните.

Скопје славеше кај Тетекс со 0:1, Охрид дома беше подобар од Г.Коњари со 8:0.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 28.КОЛО

Брегалница – Шкендија (А) 1:1

Саса – Слога (В) 1:0

Кожув – Победа 8:0

Новаци – Беласица

Охрид – Г.Коњари 3:0

Преспа – Детонит 0:3

Тетекс – Скопје 0:1

Вардар (Н) – Осогово 0:4

ТАБЕЛА

Брегалница 65, Скопје 65, Шкендија (А) 63, Охрид 62…

ПретходноСо четири гола, Тиквеш ја испрати Македонија ЃП во понизог ранг
СледноРеми на Арсими и Башкими