Шпанските новинари со став: „Столе е клучот за спас на Валенсија, а Корберан го направи негативец!“

194
фото: Valencia CF (X)

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски вчера имаше уште една блескава партија на голот на Валенсија задржувајќи ја празна својата мрежа и овозможувајќи им на „лилијаците“ три големи бода на гостувањето кај Атлетик во Билбао. По мечот стигнаа низа комплименти за неговата форма и тоа што од негативец стана еден од главните притагонисти на тимот од „Местаља“.

„Столе Димитриевски стана еден од протагонистите на оваа Валенсија. Тој се претвори од негативец во херој. Корберан не го виде тоа, а сега има многу за што да му се заблагодари. Има луѓе кои само гледаат дека тој губи време. Претпоставувам дека веќе сфатиле дека и тој заработува поени. Тој беше најдобар денес на Сан Мамеш со одлучувачки одбрани за да ги запре моментите на притисок на Атлетик. Апсолутно одлучувачки“, напиша уредникот на „СпортСфера“, Доминго Ортиз.

Сличен став имаше и новинарот Алекс Домингез. Тој претпостави дека Столе ќе добие и нов договор со Валенсија.

„Еден од клучевите за спас на Валенсија е Столе Димитриевски. Денешниот натпревар на Сан Мамеш беше извонреден, а тој веќе ги имаше неколку: Жирона, Мајорка, Осасуна… голман кого Корберан не го сакаше и го извади на теренот, сега ќе му го го обнови договорот“.

ПретходноФинална битка за титулата: Наковски Волеј или Работнички?
СледноЗечевиќ е четвртото засилување на ГРК Охрид за идната сезона