Финална битка за титулата: Наковски Волеј или Работнички?

30
фото: ОК Наковски волеј (FB)

Македонски вачерва ќе го одбие и новиот одбојкарски шампион во женска конкуренција. Откако актуелниот бранител на титулата, Јанта Волеј беше елиминиран во минатата рунда, екипите на Наковски Волеј и Работнички денеска влегуваат во одлучувачката пресметка за титулата.

По четири одиграни натпревари резултатот во серија е нерешен, 2:2, но денеск аво популарната „мајсторка“ победникот и официјално ќе го крене шампионскиот пехар. Наковски Волеј ја има предноста на домашен терен и ќе се обиде да дојде до третата победа со која ќе ја освои двојната круна на домашната сцена, откако претходно оваа сезона го освои и Купот на ОФМ.

Работнички ќе се обиде да се врати на шампионскиот подиум со прво гостинско изненадување во серијата. И двата тима влегуваат во последниот дуел од финалето под притисок за победа, а очекуваме да гледаме навистина квалитетен дуел кој сигурно ќе донесе и голема неизвесност.

“Мајсторката” се игра вечерва од 18 часот во Струмица.

ПретходноРаја по третпат ја освои „Златната ракавица“ во Премиерлигата