18. титула: Работнички ја доби „мајсторката“ и го врати шампионскиот наслов

57

Со победа од 1:3 во „мајсторката“ во Струмица, вечерва одбојкарките на Работнички по 18-ти пат во клупската историја станаа државен шампион. Во петтиот меч од финалната серија на плеј-офот, Работнички успеа да го совлада тимот на Наковски Волеј на гостински терен и да дојде до третата победа во меѓусебните пресметки, која практично и му ја обезбеди титулата на скопскиот состав.

Девојките предводени од тренерот Душко Деспотовски, иако го загубија првиот сет (25:16), успеаја да се вратат во следните три и по голема неизвесност во последните два сета кои практично се играа и на поен повеќе, успеаја да дојдат до драгоцениот шампионски пехар. Вториот сет Работнички го доби со 20:25, а потоа третиот на разлика 25:27. Интересна беше и завршницата на четвртиот сет кој им припадна со 23:25.

Работнички успеа да се врати на тронот, додека Наковски Волеј оваа година испиша нова клупска странциа низ историјата со освојувањето на Купот и со пласманот во големото финале на домашното првенство.

ПретходноИнтер без Чалханоглу и Турам во финалето од Купот против Лацио
СледноАнчелоти го повика и Нејмар, познат почетниот список на Бразил за Мундијалот