Пелистер и Лино Червар веќе е завршена работа!

687

Пелистер во следната сезона ќе биде предводен од добро познато име за македонската, но и светската јавност. Она што изгледаше недостижно, сега веќе е пред реализација.

Од наши информации дознаваме дека Лино Червар и битолскиот тим си подале рака, и искусниот стратег се враќа на терените како тренер на еден тим после седум години. Последен пат беше на клупата на ППД Загреб во сезоната 2018/2019.

На Пелистер им е потребно искусно име и вистинско решени за тренерската позиција која со години е нестабилна и постојано е променлива, а во Лино се гледа како човек кој може да ја нцрта вистинската патека по која мора да се движи клубот.

Во Македонија својата мисија како тренер на Металург ја заврши во 2017 година, додека. Во тимот од Автокоманда дојде 2009 година и испиша убава ракометна приказна. Тој ја предводеше и македонската ракометна репрезентација во периодот од 2016 до 2017 година.

Оваа сезона Лембанов ја доби главната тренерска улога, откако претходно си замина Стевче Алушовски, кој пак дојде на местото на Рубен Гарабаја.

Секако останува оваа информација да добие и официјална потврда во периодот што следи.

ПретходноСинер обезбеди четвртфинале во Рим и го израмни рекордот на Ѓоковиќ
СледноКошаркар на Мемфис почина на 29 години