Светскиот рекет број 1, Јаник Синер ја продолжи својата доминација на турнирите пд серијата Мастерс 1000 и се пласираше во четвртфиналето на АТП Мастерсот во Рим по убедливата победа против сонародникот Андреа Пелегрино со резултат од 6:2, 6:3.
Со тоа, Синнер стигна до својата 31-ва последователна победа на турнирите Мастерс 1000, израмнувајќи го рекордот што го држеше Новак Ѓоковиќ. Дуелот траеше еден час и 29 минути, а Синнер постигна 13 винери.
Актуелниот освојувач на четири Грен слем титули го освои и Мастерсот во Мадрид на почетокот на месецот, станувајќи првиот тенисер кој освоил пет последователни Мастерс 1000 турнири. Претходно, тој славеше и во Париз, Индијан Велс, Мајами и Монте Карло.
Синнер сега има шанса да го освои единствениот Мастерс турнир што му недостасува во неговата колекција – Рим. Минатата година беше поразен во финалето од Карлос Алкараз, кој нема да игра на Ролан Гарос оваа година поради повреда на зглобот.










