Радивојевиќ ја напушта Битола, ќе игра во тимот на екс-тренерот на Пелистер

79

Во следната сезона во дресот на Пелистер нема да го гледаме десното крило Богдан Радивојевиќ, кој реши да ја смени средината после три години поминати во Битола.

Нова дестинација на српскиот интернационалец е турискиот тим на Бешикташ. Во новиот клуб ќе соработува со поранешниот тренер Рубен Гарабаја.

Пред да се пресели во Пелистер, Радивојевиќ играше за ПИК Сегед, како и за Партизан, Флензбург и Рајн Некар Левен.

Пелистерци на десната крилна позиција за следната сезона ќе ги имаат на располагање бразилскиот репрезентативец Рудолф Хекберт, како и младиот Ненад Белистојаноски.

Во следните денови се очекува потврда дали Лино Червар ќе стане дел од семејството Пелистер.

ПретходноСкандал: САД не им даде визи на фудбалери кои треба да играат на Светското првенство!
СледноИ официјално: Поранешниот ракометар на ПСЖ го засили ГРК Охрид