Шкендија и Струга ТЛ, ако играат во ЛК, ќе бидат носители во 1.квалификациско коло! (ФОТО)

92
ФОТО:.facebook.com/EuropaLeague/

Ако вчера анализиравме што го чека нашиот првак во 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, денеска ќе анализираме за тоа што ги очекува нашите два претставника во 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции.

Реално таму треба да се најдат Шкендија и Струга ТЛ, но сепак и Силекс има шанси ако успее да слави во финалето на Купот на Македонија.

Ако Вардар биде шампион, а Шкендија го освои трофејот во Купот, тогаш тетовци и стружани ќе играат во Лигата на Конференции. Од ова произлегува дека настапот на Струга ТЛ зависи од Шкендија. Во секој случај Шкендија и Вардар имаат најмалку сигурно учество во квалификациите во ЛК.

Во случај Шкендија и Струга ТЛ да се најдат во воведното коло во ЛК, натпреварување во кое минатата сезона тетовци стигнаа и до групната фаза а потоа и во плеј – офот и станаа прва наша екипа со пролетен настап во Европа, тогаш ќе бидат во групата на носители во пресрет на ждрепката.

Шкендија има коефициент 10.875 а Струга ТЛ 5.000 и без проблеми би се нашле во групата на носители. Додека Силекс со коефициент 2.000 и Вардар, ако по некое чудо не стане шампион, со коефициент 1.551 ќе бидат во групата на неносители.

No description available.

No description available.

Инаку засега се знае дека можни противници на Шкендија и Струга ТЛ се:

Интер Турку (Финска), Јелимеј (Казахстан), Хегелман (Литванија), Пенубонт (Велс), Рунавик (Ф.Острови), Гленторан (С.Ирска), Номе Калју (Естонија), Кернефорн (Велс).

Додека засега можни ривали на Силекс и Вардар би биле:

Рига (Летонија), Астана (Казахстан), Жалгирис (Литванија), Балкани (Косово), Левадија (Естонија), Паиде (Естонија), Динамо Минск (Белорусија),Викингур (Ф.Острови), Дила Гори (Грузија).

Инаку УЕФА на 29 мај ќе ги објави конечните листи со екипите кои ќе се натпреваруваат во квалификациите во Лигата на Конференции. Ждрепката за 1.и 2.квалификациско коло во ЛК е закажана за 16/17 јуни, додека мечевите од 1.коло се закажани за 9 и 16 јули, а за 2.квалификациско коло за 23 и 30 јули.

ПретходноСепак нема да има „последен танц“ за водечкиот стрелец на уругвајската репрезентација!