Георгиевски и официјално кариерата ќе ја заврши во РК Вардар!(ФОТО)

23
ФОТО:facebook.com/rkvardar

Капитенот на РК Вардар го игра последниот танц. Капитенот на новиот шампион, Гоце Георгиевски потпиша нов договор за наредната сезона и својата богата кариера ќе ја заврши во Вардар!

Гоце Георгиевски е дете на Металург, а во својата богата кариера бележеше одлични настапи во екипите на Тулуз-Франција и Букурешт-Романија.

Во Вардар пристигна во сезоната 2020/21 и од тој момент, претставува незаменлив дел од клупскиот мозаик.

Од РК Вардар порачаа дека се неизмено горди што капитенот го продолжи договорот за уште една сезона и својата кариера ќе ја заврши во нивниот клуб!

ПретходноДали Пелистер може да стави крај на доминацијата на МЗТ Скопје?