Пелистер ги потврди најавите. Сонот – стана јаве, Лино Червар е новиот стратег на битолскиот клуб. Во период кога на тимот му треба да се издигне, раководството на клубот се одлучи за искусно решение, Червар во Македонија остави длабоки траги, особено како тренер на Металург, па сега се очекува истото да го стори со битолскиот тим.
“Во нашата историја и идентитет не постојат мали цели. Затоа мора секогаш да бидеме на висината на предизвикот, да го следиме трендот и да го надградуваме проектот. Нашата нова приказна за сезоната 2025/26 почнува со назначувањето на новиот тренер. Нашиот избор падна на олимписки и светски првак, човек кој е синоним за ракометот на овие простори — Лино Червар. Хрватскиот тренерски маг и официјално е нов тренер и предводник на проектот на Еурофарм Пелистер и се обрвза на двегодишен договор со клубот и најракометниот град.
Лино Червар наскоро ќе биде претставен“, се вели во известувањето на Пелистер.










