По спектакуларното свечено отворање на Плазма Спортските игри за млади во Скопје, каде илјадници деца, спортисти, гости и граѓани испратија силна порака за спорт, пријателство и заедништво, караванот „Денови на спортот“ продолжува низ цела Македонија.
Следна станица е Куманово, каде на 15 мај со почеток во 10:00 часот во Спортската сала Куманово ќе се одржи голем спортски ден исполнет со многу игра, натпревари, дружење, забава и детски насмевки.
Настанот ќе биде отворен во присуство на градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, претставници на организаторите, спортисти и голем број гости, а најмладите ќе имаат можност да бидат дел од вистинска спортска атмосфера каква што носат Плазма Спортските игри за млади.
„Денови на спортот“ се дел од големиот караван кој оваа година ќе посети повеќе градови низ државата, со цел преку спортот да ги обедини децата, да промовира здрави животни навики, фер-плеј, другарство и позитивни вредности.
Плазма Спортските игри за млади, како најголема аматерска спортска манифестација за деца и млади во Европа, за првпат оваа година се организираат и во Македонија, а интересот и енергијата уште од самиот почеток покажаа дека земјава е подготвена за една нова и голема спортска приказна. Игрите овозможуваат бесплатен спорт за секое дете.
Организаторите ги покануваат сите деца, родители, наставници и граѓани да бидат дел од овој спортски празник во Куманово и заедно да создадеме нови незаборавни моменти и дружби со Кока Кола, Шпаркасе Банка, Шпаркасе Лизинг и Плазма.
Се гледаме во Куманово! Игрите се закон!










