Скандал: САД не им даде визи на фудбалери кои треба да играат на Светското првенство!

72
фото: ESPN Centroamérica (X)

Фудбалската репрезентација на Ирак би можела да се соочи со огромен проблем пред да оди на Светското првенство. Најновата информација е дека Соединетите Американски Држави одбиле да издадат визи на одредени репрезентативци на Ирак.

Според извештаите кои сè уште чекаат официјална потврда, американските власти наводно ги одбиле барањата за виза на дури пет играчи на ирачката репрезентација.

На листата се Хајдер Абдул Карим, Моханад Али, Ибрахим Бајеш, Али Ал-Хамади и Заид Тахсин.

Веста предизвика големо внимание кај ирачката јавност, особено поради фактот што Светското првенство се игра ова лето во САД, Канада и Мексико.

Според првите информации, Фудбалската федерација на Ирак веќе започнала итни разговори за да се обиде да ја реши ситуацијата.

Наводно, интензивно се работи на дипломатските и административните процедури за играчите да добијат дозвола за влез во Соединетите Американски Држави.

Засега не е познато зошто барањата биле одбиени, ниту дали станува збор за привремен проблем што би можел да се реши во наредните денови.

Ирачките медиуми објавуваат дека во Федерацијата постои загриженост бидејќи евентуалното отсуство на петмина репрезентативци би претставувало огромен удар за националниот тим пред најголемото натпреварување.

ПретходноГогов: Чест е да се биде дел од репрезентацијата – одиме по пласман на Светско!