Екипата на Интер е освојувач на двојната круна во италијанскиот шампионат сезонава. Покрај титулата која што беше веќе освоена, синоќа е освоен и Купот на Италија.
Среде Рим на Олимпико, Интер со 2:0 го совлада тимот на Лацио, а потоа во соблекувалната следуваше фешта.
И тоа каква. Се славеше колективно, а индивидуално се покажуваа „денс“ способности. Убедливо најдобар Барела, кој што изведе перформанс достоен да го види целиот свет.
Barella 🤣 pic.twitter.com/YWMz5V3vyG
— Inter Xtra (@Inter_Xtra) May 13, 2026










