Кирил Лазаров: Не очекував толку убедлива победа!

166

Македонија е на чекор до нов пласман на едно големо натпреварување. Вечерва во Прешов во рамките на првиот натпревар од бараж двомечот со Словачка, нашите ракометари славеа убедлива победа со 24:31. Одлична Македонија, разиграна Македонија, иако искрено можеше да славиме уште поубедливо.

Сепак селекторот Кирил Лазаров е задоволен и јавно им честиташе на своите избраници на победата по мечот:

Честитки за ангжманот на играчите. Не очекував толку висока победа. Како и да се вика противникот гостински терен си е гостински терен а поготово национална селекција. Момците имаат добра атмосфера, не се сомневам во добро издание и во недела. Заслужија со игрите во последниот период поддршка во недела. Ќе се одмотриме малку а потоа ќе се спремиме максимално професионално за реваншот во недела“ изјави селекторот Лазаров.

ПретходноНеверојатно: Еве што Пеп им ветил на играчите на Барнли ако го запрат Арсенал!
СледноИнтер слави, Барела „танцува“…. ваков перформанс одамна не е виден (ВИДЕО)