Неверојатно: Еве што Пеп им ветил на играчите на Барнли ако го запрат Арсенал!

98
Фото: Манчестер Сити Х

И тоа како се вжештува битката за титулата во ПЛ. Арсенал е многу блиску до освојување на титулата по 22 години. „Топџиите“ имаат сè во свои раце и сè што треба да направат е да остварат две победи во преостанатите две кола.
Прво ќе го пречекаат Барнли на 18 мај, а потоа ќе гостуваат кај Кристал Палас на 24 мај. Барнли веќе е испаднат од лигата, додека Палас нема амбиции ниту во однос на резултатите, што е олеснителна околност за „Топџиите“. Моментално имаат +2 во споредба со Манчестер Сити, па е јасно дека секоја грешка би ги одвела во бездна. Микел Артета и неговите играчи се свесни за ова, но во Манчестер не губат надеж.
Тие веруваат дека Барнли би можел да им нанесе штета на „Топџиите“. Овој тим неодамна му зададе удар на Манчестер Сити и однесе бод против Астон Вила (2:2), иако беше апсолутен аутсајдер и во дуел во кој не му требаа бодови бидејќи претходно беше испаднат од лигата, додека Вила се бореше за Лигата на шампионите. Гвардиола има доверба во Барнли, и реши дополнително да ги мотивира сите играчи на тој тим.
Според извештаите од англиските медиуми, менаџерот Пеп Гвардиола наводно им ветил луксузен мотивациски бонус на играчите на Барнли доколку успеат да приредат изненадување и да го сопрат Арсенал.
Како што се тврди, станува збор за часовници „Ролекс“, подарок што би го добил секој играч на Барнли доколку ги запре „Топџиите“ и со тоа директно му помогне на Сити во борбата за титулата.
Оваа информација, иако звучи неверојатно, брзо „експлодираше“ во јавноста и предизвика бројни реакции кај навивачите.
Додека некои веруваат дека станува збор за уште една фудбалска шпекулација, други велат дека Гвардиола ги знае сите психолошки трикови за дополнително зголемување на мотивацијата во клучните моменти од сезоната.
Во секој случај, дуелот помеѓу Барнли и Арсенал сега добива дополнителна доза на драма, бидејќи покрај бодовите, се зборува и за „Ролекс“ кој би можел да ја промени мотивацијата на еден тим.

ПретходноЉафтов како вицешампион се одјави од Унгарија
СледноКирил Лазаров: Не очекував толку убедлива победа!