Србија на Раул ја победи Унгарија, Словенија славеше на гости кај Црна Гора!

66

Покрај мечот во Прешов, на кој Македонија славеше убедливо со 24:31, се одиграа уште неколку бараж средби за пласман на СП 2027. Селекцијата на Србија предводена од Раул Гонзалес, успеа да победи на првиот меч вечерва против Унгарија со 31:29. Секако дека овој резултат не гарантира ништо ако се знае дека реваншот се игра во Унгарија. Се чини дека Србите можеа да извлечат подобар резултат ако се знае дека на полувреметот беше 18:12.

Словенија како гостин во “Балканското дерби“ ја победи Црна Гора со 28:29, па со оглед на тоа дека реваншот го игра дома, има големи шанси да се избори за пласман на СП 2027.

ПретходноДа се знае кој е кој: Моќна Македонија среде Прешов!
СледноСтоле и Валенсија само до бод со Рајо!